Македонската убавица Елена Величковска ќе нè претставува на „Мис на светот 2026“ во Виетнам

Македонија ја доби својата претставничка за еден од најпрестижните светски избори за убавина. Убавата Елена Величковска ќе го носи македонското знаме на изборот „Мис на светот 2026“, кој оваа година ќе се одржи во Виетнам.

Веста официјално ја соопштија од организацијата Miss Macedonia, која ја поседува лиценцата за домашниот избор. Елена беше претставена со фотографија во впечатлив црвен свечен фустан, со порака дека нејзиниот пат кон светската сцена официјално започнува.

Убавата Елена Величковска е новата Мис Македонија – ќе нè претставува во Виетнам
Убавата Елена Величковска е новата Мис Македонија – ќе нè претставува во Виетнам

„Со гордост ја најавуваме нашата претставничка, Величковска Елена, која ќе ја претставува Македонија на најпрестижниот светски избор за убавина – Miss World 2026“, стои во објавата на организаторите.

На социјалните мрежи веднаш следуваа бројни комплименти за нејзината убавина, природност и елеганција, а многумина ѝ посакаа успешен настап и достојно претставување на Македонија.

Wedding Expo Skopje 2027 – јубилејно 15-то издание!

Од фотографиите што ги споделува на својот профил може да се забележи дека Елена е љубителка на патувањата, модата и елегантните женствени изданија. Таа често позира во креации на македонски модни брендови, со што дополнително ја промовира и домашната модна сцена.

Убавата Елена Величковска е новата Мис Македонија – ќе нè претставува во Виетнам
Убавата Елена Величковска е новата Мис Македонија – ќе нè претставува во Виетнам

Пред неа, Македонија на изборот ја претставуваше Чарна Невзати, која привлече внимание со својата природна убавина и појава. Сега, сите погледи се насочени кон Елена, која ја очекува период исполнет со подготовки, фотосесии и настапи пред големото финале.

На младата Македонка ѝ посакуваме многу успех, самодоверба и незаборавно искуство на светската сцена.

About The Author