Венчаница на денот!

За невестите кои сакаат гламурозни венчаници!

Раскош и убавина кои никого не оставаат рамнодушен…

Новиот ексклузивен модел на венчаница од актуелната BRIDAL линија на ЕЛЕНА ЛУКА, едноставно импресионира.

Ова е венчаницата која ги остварува соништата на многу невести кои за својот посебен ден се замислуваат во екстравагантна, а истовремено романтична венчаница која плени со својот дизајн и карактерност.

Смела, впечатлива, луксузна – создадена за жени кралици.