
Исклучително надарените млади дизајнерки, сестрите Соња и Марија и нивното атеље Atelier by Sonja-Marija на саемот за венчавки ќе ја претстават својата најнова колекција на венчаници. Рачно изработените венчаници и на минатиот саем привлекоја големо внимание и интерес кај идните невести и сме особено горди што и на овој саем ќе бидат присутни. Но освен идните невести на нивниот штанд ќе имаат можност и идните деверици, куми, свекрви да одберат свечена тоалета и сето тоа со саемскиот попуст обезбеден преку шопинг картичката. Не го пропуштајте најубавиот настан во годдината кај нас “Wedding Expo Skopje” Еве мал дел одд она што ве очекува ..