Мајли Сајрус се омажи за Макс Морандо во Палм Спрингс
Популарната пејачка Мајли Сајрус повторно го кажа судбоносното „да“.
Само два дена пред својот 34-ти роденден, таа се венчаше со музичарот Макс Морандо, со кого е во врска од 2021 година.
Свадбата се одржала на 21 ноември во Палм Спрингс, Калифорнија, во некогашниот дом на легендарниот Френк Синатра, познат како Twin Palms.
Иако Мајли е позната по провокативните модни изданија и екстравагантните настапи, за својот голем ден избрала сосема поинаква естетика – романтична, префинета и елегантна.
Венчаницата која привлече најголемо внимание
Првите фотографии од свадбата откриваат долга бела венчаница со отворен грб, долги ракави, нежно набран горен дел и впечатлив шлеп.
Косата ја носела подигната, а изгледот го дополнила со дискретни обетки. Макс Морандо избрал класичен темен костум со бела кошула.
Церемонијата се одржала покрај базен, под раскошна цветна конструкција украсена со бели цветови. Белата декорација продолжувала низ целиот простор, надополнета со свеќи и елегантно поставени маси.

Солзи за време на свадбените завети
Еден од најемотивните моменти бил забележан додека Мајли ги читала своите свадбени завети.
На фотографиите и видеоснимките што ги објавија американските медиуми се гледа како пејачката со шамиче ги брише солзите, додека стои пред својот избраник.
Меѓу присутните биле нејзината мајка Тиш Сајрус и сестрата Ноа Сајрус.

Љубовна приказна која започнала со состанок на слепо
Мајли и Макс се запознале на состанок на слепо, а нивната врска започнала во 2021 година.
Нивната свршувачка стана јавна во декември 2025 година, кога пејачката се појави со впечатлив дијамантски прстен.
Макс ја запросил за време на нивното патување во Кјото, Јапонија, во романтично опкружување кое успеал да го зачува како изненадување.
За Мајли ова е втор брак. Претходно беше во брак со актерот Лијам Хемсворт, со кого се венча во декември 2018 година.
Новата свадба на светската поп-ѕвезда веќе привлече огромно внимание, а особено интересни се нејзиниот неочекувано класичен избор на венчаница и романтичната бела декорација.
Wedding Expo Skopje 2027 – 15 години љубов, стил и инспирација.