April 17, 2024

Ако планирате свадба додека сте бремени, сигурно имате поголеми и поразлични проблеми и грижи од останатите невести.

Без разлика дали се работи за голема или мала свадба, сигурно сакате да можете лесно да го издржите целиот тој ден, иако не знаете како сето тоа ќе се одвива.

Со оглед на тоа што треба уште од рано сабајле да направите шминка и фризура и да се „стегнете“ во венчаница, па да пречекувате гости, да се сликате со сите кои се возбудени и чекаат по неколку фотки, и на крај, уште да бидете весели и да играте и да се забавувате цела вечер – секако дека звучи малку застрашувачки, барем кога станува збор за бремените невести.

Но, за да нема драми на вашиот голем ден, обидете се да останете смирени и да бидете добро подготвени однапред за сѐ што ве очекува.

Ние ви нудиме неколку совети како полесно да го поминете денот и подготовките за истиот, а освен нив, најдобро е и да се консултирате со невести кои веќе го искусиле тоа, па најдобро ќе ви кажат на што да обрнете внимание.

Закажете ги пробите за венчаница колку што е можно подоцна

Телото ќе ви се менува секој ден, па одложете ги пробите за венчаницата до речиси последниот момент пред свадбата. Посебно, ако сте одбрале фустан кој ќе ви го оцртува телото. Ако сѐ уште не сте нашле венчаница, Саемот за Венчавки е идеалниот избор

Вклучете паузи во вашиот распоред

Ова важи и за деновите пред свадбата, додека ја организирате и сте на сите страни, но и за денот на свадбата кога цел ден ќе ви биде со полн распоред. Наместо да чекате да се изморите и да ви биде тешко, па да мора подолго да одмарате и расположението да ви се расипува, вие испланирајте го одморот однапред.

На секои неколку часа (или одлучете вие колку ви е потребно) паузирајте што и да правите и погрижете се малку за себе.

Спакувајте ужинки

Многу трудници тешко се справуваат со тоа да не каснат ништо меѓу оброците, па затоа е подобро да имате постојано нешто во чантата. Не смеете да заборавите на храната и да дозволите обврските да ве совладаат.

Енергијата ви е многу потребна па затоа секогаш имајте при рака здрави грицки, овошје, јаткасти плодови. Секако, не заборавајте да пиете многу вода.

„Ангажирајте“ пријателка за во тоалет

На секоја невеста ѝ е потребна помош со венчаницата кога треба да оди во тоалет, а посебно на бремените. Затоа договорете една пријателка која ќе биде постојано блиску до вас и ќе ви помогне секојпат кога ќе имате потреба.

Седнете

Без разлика дали чекате да започне црквената церемонија или чекате да дојдете на ред во матично, користете го секој момент за да седнете, бидејќи ве чека долг ден „на нога“.

Внимавајте со менито за храна

Кога ќе го бирате менито за свадбата, имајте ја на ум и вашата бременост. Има некои видови храна која трудниците треба да ја избегнуваат 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *