May 16, 2024

Еми Харисон отворено говори за сите предрасуди околу нејзината тежина со кои се соочила пред свадбата.Еми Харис раскажува како откако ја запросило момчето била пресреќна затоа што доаѓал големиот свадбен ден кога со него ќе наздравела со чаша шампањ во името на љубовта до крајот на животот, но тогаш почнал хоророт.

Сите биле загрижени околу нејзиниот вишок на килограми.

Нејзината искрена исповед:
„Подобро почни со изгладнување сега затоа што венчаницата нема да ти прилега добро“, ми кажа мајка ми.
Се погледнав во огледалото на пробата и навистина се чувствував како колбас, како скап колбас.

Наскоро ќе се мажам со љубовта на мојот живот и сè за што сакаа да разговараат луѓето со мене беше мојата тежина, диета, колку пијам, колку јадам, која големина ми е венчаницата.

„Мора да ослабеш, фустанот некако чудно те затега“, коментираше мајка ми.
Ѝ кажав: „Не грижи се, сите венчаници се такви.“Тогаш ми прелета мислата колку е смешно и срамно што сите жени минуваат низ вакво искуство поради тој еден фустан кој ќе ги одбележува до крајот на животот.

Напишете на интернет како да изгубам тежина за мојата свадба (how to lose weight for my wedding) и ќе ви излезат милиони резултати.Замислете колку е тоа штетно за жените со ниска самодоверба или за оние со проблеми со исхраната… Јас сум среќна со мојата големина и не сакам да изгубам килограми за свадбата, но како да им докажам?
Наводно ќе сум се потела и ќе ми било некомфорно. Ќе сум била несреќна кога ќе сум гледала колку сум дебела на свадбените фотографии потоа.

Се нервирав, но не ги обвинувам за глупавото размислување. Само отворете на Google и ќе видите кои се инструкциите за како да изгледате на свадбата и колку е огромен притисокот да бидете слаби.Како да има универзално правило дека невестата мора да ослаби пред свадбата за да биде среќна и да влезе во фустанот од соништата. Па, и дизајнерските куќи го поддржуваат ова и резултатот е ранливи невести кои се чувствуваат безвредно пред тоа што треба да биде најубавиот ден во нивниот живот.

Но, како да им докажам дека полничка жена може да биде и успешна и среќна и сакана?Ако сакате овошје по цели денови само за да ослабете до свадбата супер, но правете го тоа затоа што вие сакате, а не затоа што другите сакаат.

Шансите дека вашиот партнер нема да забележи дека сте ослабеле се огромни затоа што тој ќе биде зафатен со уживањето во вашиот голем ден, славењето на љубовта и убавата енергија.

Јас не планирам да бидам помала за мојот голем ден. Ќе бидам тоа што сум. Токму така како што планирам и во остатокот од мојот живот.