Познатата инфлуенсерка Елеонора Миљковиќ совршено се снајде во улогата на грациозна невеста во креација на модната куќа Елена Лука. Прекрасната венчаница и преубавата Елеонора беше со огромен аплауз дочекана на модната писта.
Венчаницата беше дел од новата колекција од Елена Лука, а посетителите како едвај да дочекаа да ја погледнат целата колекција која ексклузивно беше претставена на саемот.
Гламурозниот изглед на нивниот штанд и големиот избор на венчаници привлекоа многу идни невести токму таму да и кажат Да на својата венчаница.