May 19, 2024

Марија Костовска е млад дизјнаер со големо искуство, стекнато кај една од најдобрите дизајнерки во Скопје-Зиане. Во краток разговор со Марија ни раскажа за досегаѓното искуство како и за мотивите за новата колекција која се подготвува за новото издание на Wedding Expo 2024.
Се викам Марија Костовска со дизајнот започнав сосема случајно. Да ме прашал некој пред 3 година дали би го работела ова денес, би му се чудела на прашањето.


Но некои работи не менуваат засекогаш, во мојот случај среќа беше на добро. Зиане Бакиу е жената која ме научи за се од држење на игла па до шиење на венчаница. Ја запознав случајно додека работев во беверли во спортски бутик. Завршив курсеви во Кариера плус, а кај неа одев на пракса. На пракса кај неа бев година ипол и во еден момент почуствував дека е време да се обидам сама, сеуште се обидувам и трудам. Моментално имам свое мало но прекрасно атеље во склоп на мојата куќа во Кисела Вода. Додека бев кај Зиане од метериалите кои не и требаа наместо да ги фрли ги земав јас. Си реков штом успеа мене да ме научи што апсолутно не знаев ништо ќе успеам и јас од овие материали кои се за ѓубре да направам чудо. Направив своја ревиа со наслов Снегулките паѓаат, ревиа со голема приказна. Сега е оној дел кога треба да го разработам своето атење. Верувам во чуда 😊


Во Бело секогаш ги поддржува младите дизајнери, а во очекување сме на новиот саем за венчавки каде со нова колекција ќе ја видиме и Марија Костоска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *