April 18, 2024
white angels skopje

Соновите за свадба меѓусебно можат да се разликуваат, па така се разликува и нивната симболика.

Сонување на своја свадба

Доколку сонувате своја свадба, тоа во основа има позитивна симболика. Поконкретно, доколку свадбата во вашиот сон е голема и весела, тоа значи дека на јаве ќе бидете во центарот на вниманието и дека ќе уживате во вниманието и наклонетоста во околината. Доколку сонувате дека стапувате во брак со некој непознат партнер или партнерка, тоа значи дека на јаве, доколку сте слободни, ќе влезете во нова врска.

Сонување туѓа свадба

Доколку сонувате туѓа свадба на која сте учесник, тоа значи дека во реалниот живот некој има симпатии кон вас, а вие не сте свесни за тоа, или моментално не придавате големо значење. Доколку вашето присуство на туѓата свадба ве прави весели, тоа значи дека на јаве ќе запознаете личност која ќе биде достојна за вашто внимание. Доколку на туѓа свадба сте тажни и незадоволни, тоа значи дека на јаве ќе се чувствувате одбиено или неприметно од страна на некоја важна личност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *