May 21, 2026
1

Што со љубоморните другарки?

Свадбата е најсреќниот настан во вашиот живот – сакате да ја споделите радоста, а наместо поддршка и љубов, се соочувате со злоба и љубомора. Другарките ве гледаат „поглед од страна“ и тоа ве прави лути и тажни. Но, што да правите?

Игнорирајте ги негативните коментари

Ова не е време за кавги. Наместо да им враќате, обидете се да разберете – љубомората е најголемиот комплимент. Сте нашле вистинска љубов и тоа е доволна причина некој да биде љубоморен.

Љубомората зборува наместо нив

Луѓето кои се незадоволни од своите врски или живот често реагираат со љубомора. Тоа не значи дека се лоши, туку дека страдаат. Не слушајте хорор сценарија за разводи, прељуби и несреќни бракови – тоа се само празни приказни.

Простете и бидете подобри

Не лутете се на нив. Како што вие го имате својот момент, така ќе дојде и нивниот. Нивната слабост нека не ви го уништи пријателството.

Покажете внимание

Понекогаш другарките само се плашат дека ќе ги заборавите. Потсетете ги дека не губат другарка, туку добиваат пријател повеќе – вашиот сопруг. Вклучете ги во свадбената еуфорија, прашајте ги за фустани, комплиментирајте ги.

На крај – запомнете: љубомората е знак дека сте направиле нешто како што треба.

About The Author