bred

 

Анџелина со Захара блесна во Њујорк, а една работа повторно го стави Бред Пит во сенка

Анџелина Џоли и нејзината ќерка Захара привлекоа огромно внимание на специјална проекција на филмот „Without Blood“ во Њујорк.

Мајката и ќерката се појавија во усогласени црни комбинации и веднаш станаа една од најфотографираните двојки на вечерта. Анџелина избра широк црн костум со сатенски топ, додека 21-годишната Захара носеше елегантен црн фустан.

Но фотографиите добија дополнително значење поради она што во последните години се случува во семејството Џоли-Пит.

Захара веќе подолго време јавно го користи презимето Џоли, а според најновите информации е во процес и официјално да го отстрани „Пит“ од своето презиме. Нејзиниот брат Медокс неодамна и законски го направи истото, додека Шајло уште во 2024 година официјално го промени презимето.

На фотографиите од Њујорк, сепак, нема никаква драма – само очигледно блиска врска меѓу мајка и ќерка. Захара и претходно јавно зборуваше за Анџелина како за исклучително посветена и несебична мајка, а Џоли редовно е присутна на најважните моменти во животот на своите деца.

Токму затоа фотографијата на двете насмеани и прегрнати многумина ја читаат како многу повеќе од обично појавување на црвен тепих.

Не како „удар“ за Бред Пит, туку како слика која можеби најдобро покажува каде денес е најсилната семејна врска.

 

About The Author