бонџови

Холивуд е едно големо семејство: 10 славни личности за кои не сте знаеле дека се роднини!

Замислете на семејна вечера да седат Џон Бон Џови, Мили Боби Браун, Еди Марфи, Мартин Лоренс или Арнолд Шварценегер. Звучи како листа на гости за холивудска премиера, но дел од овие ѕвезди навистина се поврзани преку семејни бракови.

Во Холивуд не се создаваат само филмови, музички хитови и милионски договори. Се создаваат и семејни врски што понекогаш се повозбудливи од сценаријата на филмовите.

Американскиот магазин People објави интересен преглед на познати личности кои станале роднини преку брак.

1. Џон Бон Џови и Мили Боби Браун

Ѕвездата на серијата Stranger Things, Мили Боби Браун, во 2024 година се омажи за Џејк Бонџови, синот на рок-легендата Џон Бон Џови. Така славниот пејач доби снаа што и самата е меѓународна ѕвезда.

2. Еди Марфи и Мартин Лоренс

Две големи имиња на американската комедија станаа семејно поврзани кога Ерик Марфи, синот на Еди, се ожени со Џасмин Лоренс, ќерката на Мартин Лоренс.

3. Арнолд Шварценегер и Крис Прат

Актерот Крис Прат е оженет со Кетрин Шварценегер, ќерката на Арнолд Шварценегер. Тоа значи дека легендарниот Терминатор му е тест на Прат.

4. Емили Блант и Стенли Тучи

Познатите актери станаа роднини кога Стенли Тучи се ожени со Фелисити Блант, сестрата на Емили.

5. Мерил Стрип и Марк Ронсон

Познатиот музички продуцент Марк Ронсон е оженет со Грејс Гамер, ќерката на Мерил Стрип.

6. Дајана Рос и Ешли Симпсон

Пејачката Ешли Симпсон е во брак со Еван Рос, синот на легендарната Дајана Рос.

7. Никол Ричи и Камерон Дијаз

Двете се снаи во истото семејство. Никол е во брак со Џоел Маден, а Камерон со неговиот брат Бенџи Маден.

8. Џејк Џиленхол и Питер Сарсгард

Актерот Питер Сарсгард е оженет со Меги Џиленхол, сестрата на Џејк.

9. Мишел Докери и Фиби Волер-Бриџ

Актерката Мишел Докери е омажена за Џаспер Волер-Бриџ, братот на актерката и сценаристка Фиби Волер-Бриџ.

10. Патрик Вилсон и Скот Фоли

Двајцата актери се роднински поврзани преку нивните сопруги, сестрите Дагмара и Марика Доминчиќ.

Кога црвениот тепих станува семејна средба

Овие примери покажуваат дека Холивуд е многу помал свет отколку што изгледа.

Некои од најголемите филмски и музички ѕвезди не делат само професионални ангажмани, туку и родендени, семејни прослави и празнични вечери.

А можеби најинтересното е што на некои холивудски семејни собири има повеќе славни личности отколку на доделувањето на Оскарите!

About The Author