Невести, младоженци, свекрви, куми, деверици, гости, но и идни матуранти – подгответе се! Од 19 до 21 февруари 2027 година, „Александар Палас“ ќе биде местото каде што се избираат најубавите модни комбинации и се остваруваат свадбените желби!
Јубилејното 15. издание на WEDDING EXPO SKOPJE најавува три незаборавни дена со модни ревии, музички настапи, познати личности, изненадувања и повеќе од 50 изложбени штандови!
На модната писта ќе се претстават еминентни дизајнери, познати модни брендови, но и млади, талентирани креатори со свежи идеи и оригинални колекции.
И овој пат мислиме на сите!
За невестите – прекрасни венчаници, од романтични и класични до модерни и екстравагантни модели. За младоженците и мажите – елегантни костуми, свечени комбинации и модни додатоци за секој стил. За свекрвите, мајките на невестите, кумите, девериците и гостинките – богат избор на свечени фустани, уникатни креации, накит и модни додатоци.
А посебно внимание ќе им посветиме и на матурантите и матурантките! За сите кои се подготвуваат за матурските прослави, саемот ќе биде одлична можност навреме да го изберат својот свечен изглед.
ГЛЕДАЈТЕ, ПРОБАЈТЕ, ИЗБЕРЕТЕ И КУПЕТЕ – СО САЕМСКИ ПОПУСТ!
Wedding Expo Skopje е изложбено-продажен саем, што значи дека покрај уживањето во модните ревии, посетителите ќе можат одблиску да ги разгледаат колекциите, да пробуваат модели, да разговараат директно со дизајнерите и изложувачите и да купуваат со специјални саемски попусти и поволности!
На едно место ќе најдете и сè што е потребно за организација на свадба: декорации, фотографски и видеопакети, покани, накит, торти, гастрономски специјалитети, услуги за убавина и многу други интересни понуди.
И сето тоа во атмосфера исполнета со мода, музика, дружење и спектакуларни моменти!

НАСКОРО ЗАПОЧНУВА ОНЛАЈН ПРОДАЖБАТА НА ВЛЕЗНИЦИ!
За сите што со нетрпение го очекуваат саемот, имаме убава вест: наскоро ќе бидат пуштени во продажба и онлајн влезниците, за навреме и едноставно да го испланирате вашето доаѓање.
РАБОТНО ВРЕМЕ ЗА ПОСЕТИТЕЛИ:
Петок, 19 февруари: 18:00 – 22:00 часот
Сабота, 20 февруари: 09:30 – 20:00 часот
Недела, 21 февруари: 09:30 – 20:00 часот
Место: Хотел „Александар Палас“, Скопје
Без разлика дали планирате свадба, се подготвувате за матура, барате свечен фустан или едноставно ја сакате модата, резервирајте ги овие три дена за вистинско уживање!
15 години WEDDING EXPO SKOPJE – 15 години љубов, мода, инспирација и незаборавни моменти!
Следете нè! Наскоро ќе ја откриваме програмата, имињата на дизајнерите, изложувачите и изненадувањата што ги подготвуваме за вас!
contact@vobelo.mk

