„Јас цел ден работам!“, „А јас што правам дома?“, „Ти никогаш ништо не забележуваш!“, „Сè морам сам!“ Ви звучи познато?

„Јас цел ден работам!“, „А јас што правам дома?“, „Ти никогаш ништо не забележуваш!“, „Сè морам сам!“ Ви звучи познато?

„ЈАС ПРАВАМ СÈ, ТИ НИШТО!“ – Реченицата што полека го уништува бракот, а речиси секој ја изговорил барем еднаш!

„Јас цел ден работам!“, „А јас што правам дома?“, „Ти никогаш ништо не забележуваш!“, „Сè морам сам!“ Ви звучи познато? Психолозите предупредуваат дека токму ваквите секојдневни препукувања можат незабележливо да создадат огромна дистанца меѓу двајца луѓе кои некогаш биле лудо вљубени.

Речиси во секој брак постои период кога двајцата партнери се убедени дека токму тие го носат поголемиот товар.

Тој мисли дека работи повеќе. Таа смета дека целата куќа е на нејзин грб. Едниот ги брои платените сметки, другиот испраните алишта, подготвените ручеци и обврските околу децата.

И така, без да забележат, сопружниците почнуваат да водат евиденција кој што направил, а што пропуштил.

Кога бракот ќе се претвори во натпревар

Психолозите Марк Борг и Харуне Мијамото-Борг во анализа објавена во „Psychology Today“ објаснуваат дека постојаното пресметување на заслугите во врската може сериозно да ја наруши блискоста меѓу партнерите.

Проблемот настанува кога секој почнува да го забележува само сопствениот труд, а кај другиот ги гледа претежно пропустите.

Тој се сеќава дека го поправил автомобилот, ја платил струјата и отишол на пазарење.

Таа знае дека ги исчистила собите, зготвила ручек, ги организирала обврските на децата и се погрижила за стотина ситници што никој не ги забележал.

И двајцата се уморни. И двајцата мислат дека се недоволно ценети.

А најлошото е што двајцата можат да бидат во право.

Најопасно е кога ќе почнете да ги броите грешките

Психолозите посочуваат дека ваквите конфликти ретко започнуваат со една голема расправија.

Почнуваат со ситници.

Неизмиења чинија. Заборавена обврска. Расфрлани алишта. Недовршена домашна работа.

Но наместо проблемот да се реши, тој станува повод за потсетување на сите претходни грешки.

„Минатиот пат и ова јас го направив!“

„А ти кога последен пат направи нешто за мене?“

„Да не бев јас, ништо немаше да функционира!“

Со текот на времето, овие реченици почнуваат да ја заменуваат благодарноста.

Партнерите веќе не разговараат за конкретната обврска, туку се обидуваат да докажат кој повеќе страда и кој повеќе заслужува признание.

Постои и работа што никој не ја гледа

Еден од најголемите извори на незадоволство е таканаречениот невидлив товар во семејството.

Тоа се обврски што не бараат секогаш физичка работа, но постојано го окупираат умот.

Кој треба да закаже лекар? Дали детето има родителска средба? Што недостасува во фрижидерот? Кој роденден наближува? Кои сметки треба да се платат?

Ако само едниот партнер постојано размислува за сето ова, може да се чувствува исцрпено, дури и кога другиот смета дека домашните обврски се поделени праведно.

Затоа е важно да се разговара и за организирањето на семејниот живот, а не само за видливите домашни работи.

Како да престанете да водите брачна војна?

Според психолозите, првиот чекор е да се напушти потребата по секоја цена да се докаже кој е во право.

Наместо „Ти никогаш ништо не правиш“, многу покорисно е да се каже: „Уморен сум и ми треба твоја помош“.

Наместо „Сè е на мој грб“, може да се започне разговор за тоа кои обврски треба да се поделат поинаку.

Тоа, секако, не значи дека едниот партнер треба да трпи неправедна поделба на работата или постојано да ги презема туѓите одговорности.

Напротив, потребни се конкретни договори, фер распределба на обврските и подготвеност двајцата да го признаат трудот на другиот.

А кога последен пат му рековте „благодарам“ на партнерот?

Можеби токму ова е најинтересното прашање.

Во почетокот на врската им благодариме на партнерите и за најмалите гестови.

По десет или дваесет години брак, многу работи почнуваме да ги сметаме за нешто што се подразбира.

Ручекот е готов. Сметките се платени. Децата се згрижени. Домот функционира.

Но зад сето тоа стои нечиј труд.

Психолозите нагласуваат дека чувството дека нашиот труд е забележан и ценет е важно за зачувување на блискоста.

Можеби бракот би бил многу поубав кога наместо да броиме кој колку направил, почесто би забележувале што направил другиот.

А вие, во вашиот брак кој почесто ја изговара реченицата: „Јас правам сè, ти ништо“?

About The Author