Дуа Липа Мадона

Дуа Липа Мадона

Дуа Липа испишува историја: Британската поп-ѕвезда ќе ја освои Коачела во 2027 година

Дуа Липа продолжува да ги поместува границите на светската музичка сцена. Популарната пејачка ќе стане првата британска соло-пејачка што ќе го предводи престижниот музички фестивал Коачела, еден од најголемите музички и модни настани во светот.

Организаторите официјално ја објавија програмата за 2027 година, а името на Дуа Липа се најде на самиот врв. Таа ќе настапи на 9 и 16 април, во рамките на двата фестивалски викенда во Индио, Калифорнија.

За 31-годишната пејачка ова е уште едно големо признание во кариерата. Од девојка со големи музички амбиции до една од највлијателните поп-ѕвезди на денешницата, Дуа Липа изгради кариера со која ги освои светските топ-листи и најголемите концертни сцени.

Wedding Expo Skopje 2027 – 15 години љубов, стил и инспирација.

Публиката ја обожава поради хитовите „Levitating“, „Don’t Start Now“, „New Rules“ и „Training Season“, но и поради нејзиниот впечатлив моден стил, кој редовно привлекува внимание.

И Мадона пристигнува на Коачела

Покрај Дуа Липа, главни ѕвезди на фестивалот ќе бидат SZA и Tame Impala, додека посебно внимание привлекува и најавеното враќање на поп-иконата Мадона.

На сцените ќе се појават и бројни други музички имиња, меѓу кои Роби, Зара Ларсон, Фиби Бриџерс, Џису и Дајди Јенки.

Коачела одамна не е само музички фестивал. Таа е вистинска модна писта под отворено небо, каде што славните личности, инфлуенсерите и посетителите ги претставуваат најсмелите модни комбинации.

Токму затоа, покрај музичкиот спектакл, со нетрпение се очекува и што ќе облече Дуа Липа за нејзиниот историски настап.

Едно е сигурно: април 2027 година ќе биде во знакот на Дуа Липа.

About The Author