Старата љубов не се заборава: Аријана Гранде му се врати по 10 години, а сега се бакнуваат пред камерите!
Десет години по нивното разделување, Аријана Гранде и Рики Алварез повторно се заедно. Поп-ѕвездата и нејзиното поранешно момче, кое некогаш беше дел од нејзиниот танцувачки тим, сега за првпат официјално зачекорија како пар на црвениот тепих.
Љубовта навистина понекогаш заслужува втора шанса, а Аријана Гранде е најновиот доказ за тоа.
На 11 ноември, на премиерата на филмот „Focker-in-Law“ во Њујорк, 33-годишната пејачка се појави со својот партнер, 35-годишниот Рики Алварез. Прегратките, нежните погледи и бакнежите пред фотографите покажаа дека овојпат немаат намера да ја кријат својата романса.
Љубов што преживеала една деценија
Нивната приказна започнала во 2015 година, кога Рики бил дел од танцувачкиот тим на Аријана. Врската траела нешто повеќе од една година, а во 2016 година двајцата се разделиле.
Во меѓувреме, пејачката помина низ неколку значајни љубовни врски, вклучувајќи го и бракот со Далтон Гомез, како и романсата со актерот Итан Слејтер, со кого се запозна за време на снимањето на „Wicked“.
Но, изгледа дека приказната со Рики никогаш не била целосно заборавена.
Шпекулациите за нивното помирување започнаа во јуни годинава, кога беа забележани заедно во Остин, Тексас. Во август, Аријана објави и заеднички фотографии на Instagram, со што практично ја потврди обновената врска.
Интересно е што Рики беше споменат и во нејзиниот голем хит „thank u, next“, а на поновите концерти пејачката го промени делот од текстот што се однесува на него, алудирајќи дека нивните патишта повторно се споиле.
Ariana Grande and Ricky Alvarez make their red carpet debut at the ‘Focker-In-Law’ NYC premiere! https://t.co/xKQnW7Gn5H
— Entertainment Tonight (@etnow) November 12, 2026
Романтика на црвениот тепих и фустан со приказна
За првото заедничко официјално појавување, Аријана избра романтичен винтиџ фустан од модната куќа Badgley Mischka, од деведесеттите години.
Креацијата во нежна сребрено-сива нијанса, со дискретен кариран дезен, цветни украси и раскошен долен дел, совршено се вклопи во нејзиниот препознатлив женствен стил.
Изгледот го дополни со елегантна фризура, дискретен накит и нежна шминка, додека Рики се одлучи за поопуштена комбинација од црно сако, бела кошула и фармерки.
Сепак, повеќе од модата, вниманието го украдоа нивните насмевки и блискоста пред камерите.
Дали старите љубови се најсилните?
По една деценија, различни животни патишта и нови љубовни искуства, Аријана и Рики повторно се пронајдоа.
Дали оваа втора шанса ќе прерасне во трајна љубов, останува да видиме.
Но, едно е сигурно – нивната приказна потсетува дека понекогаш љубовта не завршува кога двајца ќе се разделат. Понекогаш само го чека вистинскиот момент за нов почеток.