Љупка Митрова слави 2 години MITROFF – доаѓа на Wedding Expo 2027

Љупка Митрова слави 2 години MITROFF – доаѓа на Wedding Expo 2027

Љупка Митрова не слави роденден – таа провоцира! Тантела, жартиери и два фустана што оставаат без здив

Тантела, жартиери, смели креации и гламур – Љупка Митрова повторно знае како да го привлече вниманието. Овојпат поводот е вториот роденден на нејзиниот моден бренд MITROFF, а славеничката се погрижи и самата да биде во центарот на вниманието.

Македонската дизајнерка и инфлуенсерка Љупка Митрова одбележа две години од создавањето на MITROFF, моден бренд кој за релативно кратко време успеа да изгради препознатлив стил и да го привлече вниманието на домашната модна јавност.

Љупка Митрова слави 2 години MITROFF – доаѓа на Wedding Expo 2027
Љупка Митрова слави 2 години MITROFF – доаѓа на Wedding Expo 2027

За прославата, Љупка избра два впечатливи фустана со тантела и жартиери, уште еднаш покажувајќи дека не се плаши од провокација, експериментирање и поместување на границите на класичната елеганција.

Нејзината самодоверба, смелите модни комбинации и вниманието кон деталите одамна станаа дел од нејзиниот препознатлив имиџ. А на роденденската прослава не изостана ниту поддршката од сопругот и ќерките.

Љупка Митрова слави 2 години MITROFF – доаѓа на Wedding Expo 2027
Љупка Митрова слави 2 години MITROFF – доаѓа на Wedding Expo 2027

Од „Гола меморија“ до моден спектакл во Штип

Изминатите месеци беа особено значајни за MITROFF.

Во јуни годинава, Љупка приреди впечатлива модна ревија под отворено небо во винаријата „Камник“ во Скопје. Настанот, насловен „Гола меморија“, привлече голем број познати личности и љубители на модата.

Во амбиент со свеќи, раскошни цветни аранжмани и внимателно осмислена сценографија, таа претстави креации во кои се испреплетуваа женственоста, сензуалноста и високата мода.

Ревијата ја отвори Катарина Ивановска, а меѓу гостите беа бројни познати имиња од домашната јавна сцена.

Особено внимание привлече и самата Љупка, која се појави во впечатлив сребрен фустан со кристали, тежок околу 20 килограми.

Но, тука не заврши модната приказна.

На 16 октомври, MITROFF го отвори Shtip Fashion Days 2026, претставувајќи ја колекцијата „Mitrovi by Mitroff“ во уметничката галерија „Безистен“ во Штип.

На пистата доминираа корсети, тантела, проѕирни материјали, пердуви, раскошни вечерни фустани и венчаници, сите со препознатливиот печат на брендот.

Особена емоција на ревијата ѝ даде учеството на членовите на семејството на Љупка, кои станаа дел од модната приказна. Покрај познатите модели и јавни личности, на пистата се појавија и нејзините најблиски.

Самата дизајнерка ја поздрави публиката во впечатлив златен фустан, специјално создаден за таа вечер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ljupka MITROVA 🫀 (@ljupka_mitrova)

Следна станица – Wedding Expo Skopje 2027

По успешните модни претставувања во Скопје и Штип, MITROFF се подготвува за нова средба со публиката.

Брендот ќе биде дел од јубилејното, 15. издание на Wedding Expo Skopje, кое ќе се одржи од 19 до 21 февруари 2027 година, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

WEDDING EXPO SKOPJE 2027 – ТРИ ДЕНА МОДА, ГЛАМУР И ГОЛЕМ СВАДБЕН СПЕКТАКЛ!

Посетителите ќе имаат можност одблизу да се запознаат со естетиката на MITROFF и неговите креации за невести и свечени пригоди.

За идните невести кои бараат нешто поинакво, смело и впечатливо, ова ќе биде одлична можност да го откријат модниот свет на брендот.

А дотогаш, Љупка има причина за славење.

Две години MITROFF, две години модна храброст, женственост и креации што не поминуваат незабележано.

Среќен роденден, MITROFF!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MITROFF (@mitroff.official)

About The Author