Вистинска драма се одвивала во текот на ноќта меѓу 15 и 16 ноември во белградската населба Бежаниска коса, каде што во пожар бил уништен автомобилот на една од најпопуларните регионални пејачки, Александра Пријовиќ, и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ.
Според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, луксузниот теренец бил паркиран во непосредна близина на нивниот семеен дом кога избувнал пожарот.
Огнот бил толку силен што го зафатил и соседното возило, а фотографиите направени по инцидентот покажуваат сериозни оштетувања.
На местото на настанот пристигнале пожарникари и полициски екипи. Полицијата започнала увид со цел да ги утврди околностите под кои избувнал пожарот.
Иако дел од регионалните медиуми објавија дека автомобилот бил намерно запален, засега нема официјална потврда дека станува збор за подметнат пожар. Причината допрва треба да се утврди.
View this post on Instagram
Драма во домот на познатото семејство
Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ живеат со своите две деца, синот Александар и ќерката Арија. Нивниот дом и претходно го привлекувал вниманието на јавноста, особено по реновирањето пред раѓањето на нивната ќерка.
Засега нема потврдени информации за повредени лица, ниту пак е објавено официјално соопштение од познатиот пар за инцидентот.
Се очекува истрагата да покаже дали пожарот бил резултат на технички проблем или на намерно дејство.