Една од најпознатите музички двојки во светот успеала да направи нешто што денес изгледа речиси невозможно – да организира свадба без гостите да знаат дека се поканети токму на венчавка.
Бијонсе по 18 години откри интересни детали за нејзината тајна свадба со Џеј Зи, одржана на 4 април 2008 година во нивниот дом во Њујорк.
Во интервју за магазинот i-D, објавено на 11 ноември, музичката ѕвезда раскажала дека речиси никој од поканетите не знаел што навистина се подготвува.
„Имавме многу мала свадба во нашиот дом. На гостите им кажавме дека организираме забава. Само нашите родители и неколку блиски пријатели знаеја дека всушност доаѓаат на нашата венчавка“, открила Бијонсе.
Венчаница што не можела да се купи со пари
Но, можеби најемотивниот дел од приказната е изборот на венчаницата.
Иако можела да избере креација од кој било светски дизајнер, Бијонсе решила својот најважен фустан да ѝ го довери на мајка си, Тина Ноулс.
Белата венчаница, со откриени рамена и елегантна силуета, била изработена специјално за неа.
Пејачката открила дека токму таа венчаница ѝ е омилената креација што некогаш ја направила нејзината мајка. За неа, љубовта вложена во фустанот имала многу поголема вредност од потписот на кој било славен дизајнер.
Wedding Expo Skopje 2027 – 15 години љубов, стил и инспирација.
Мала свадба, но раскошна атмосфера
Според медиумските извештаи, на венчавката присуствувале околу 40 гости, меѓу кои и блиски пријатели од светот на музиката и филмот.
Иако церемонијата била интимна, декорацијата била далеку од обична. Домот бил украсен со илјадници бели орхидеи, свеќи и впечатливи цветни аранжмани.
Двојката успеала речиси целосно да ја зачува приватноста на својот најважен ден.
По 18 години, приказната за нивната свадба потсетува дека највредните свадбени детали не мора да бидат најскапите. Понекогаш најголемото богатство е во луѓето со кои го споделуваме моментот и во љубовта што стои зад секој избор.