Златно бикини, луксузна јахта и бакнежи под огнометот: Вака Хејли Бибер влезе во триесеттите
Додека во голем дел од светот веќе владее зимска атмосфера, Хејли Бибер својот 30. роденден го прослави на сончевите Бахами, во друштво на сопругот Џастин Бибер и своите најблиски пријателки.
Популарниот модел и успешна бизнисменка, која на 22 ноември наполни 30 години, сподели серија фотографии од роденденското патување, откривајќи дел од луксузната прослава и романтичните моменти со сопругот.
Роденден во златно издание
Хејли позираше на јахта во минијатурно бикини со металик златен сјај, кое го искомбинира со сламена шапка и парче облека со леопардов принт.
Во друга модна комбинација, својот изглед го надополни со чанта од модната куќа Chanel.
Наместо препознатливата минималистичка естетика со која стана глобална инспирација за милиони жени, Хејли овојпат избра посмели модни комбинации, инспирирани од гламурот на седумдесеттите години.
Меѓу гостите на роденденската прослава беа и сестрите Кендал и Кајли Џенер, Камила Мороне и Џастин Скај.
View this post on Instagram
Романтична вечер со Џастин
Сепак, најголемо внимание предизвикаа фотографиите на кои Хејли и Џастин разменуваат нежности додека небото над нив е осветлено со раскошен огномет.
Роденденската атмосфера ја надополни и торта на два ката во црвена боја, украсена со бели и златни детали и бројот 30.
Парот е во брак од септември 2018 година, а во август 2024 година го добија своето прво дете, синот Џек Блус.
И покрај честите медиумски шпекулации за нивниот приватен живот, двајцата продолжуваат да споделуваат заеднички семејни и романтични моменти.
На 30 години – модел, мајка и успешна бизнисменка
Хејли Бибер влегува во новата деценија од својот живот како една од највлијателните личности во индустријата за убавина.
Со својот бренд Rhode успеа да ги претвори трендовите во негата на кожата и шминката во глобален бизнис, а нејзиниот личен стил продолжува да биде инспирација за модните и beauty трендови.
Деновиве таа привлече внимание и со смелата фотосесија за францускиот Vogue, покажувајќи дека е подготвена да експериментира со својот изглед.
А судејќи според фотографиите од Бахамите, триесеттите за Хејли започнуваат во знакот на љубовта, модата и гламурот.