1-1_SKOPJE_key-visual-ZIMSKA-SIMFONIJA-24112026

Декември во Скопје ќе добие посебна музичка димензија. Sarah Mace & The Girlzz, заедно со Божиќниот оркестар, на 20 декември ќе приредат празнично концертно доживување во Македонската опера и балет.

По успешните концертни турнеи во изминатите години, препознатливиот музички проект „Зимска симфонија“ годинава го доживува своето петто издание, со нова сценска концепција и интерактивна музичка приказна наменета за сите генерации.

Вокалниот квартет, составен од Сара Мејс, Ана Петановска, Калина Велковска и Теа Богатинова, ќе настапи во придружба на Божиќниот оркестар, под диригентската палка на Иван Еминовиќ.

На репертоарот ќе се најдат препознатливи светски и домашни новогодишни хитови, кои во комбинација со оркестарскиот звук и сценскиот перформанс ќе создадат вистинска празнична атмосфера.

Пет години музичка празнична традиција

Оваа година „Зимска симфонија“ за првпат ќе се одржи во Македонската опера и балет, со што проектот добива нова сценска димензија.

Организаторот „Евентум“ најавува дека покрај концертот во Скопје, во текот на декември ќе следуваат и други концертни настапи низ Македонија, за кои дополнително ќе бидат објавени детали.

Музика со општествено одговорна порака

Годинешното издание е поддржано од главниот партнер „Пелистерка“, која ја започна општествено одговорната кампања за запирање на фемицидот во Македонија.

На тој начин, покрај празничното расположение, проектот носи и важна општествена порака.

Сара Мејс подготвува и ново музичко изненадување

Покрај концертниот серијал, Сара Мејс најавува и ново музичко изненадување кое ќе биде откриено во претстојните денови.

Засега пејачката не открива повеќе детали, освен дека станува збор за музички проект со „снежна порака“.

Доволна причина декември да го очекуваме со уште поголема љубопитност.

„Зимска симфонија“ – Sarah Mace & The Girlzz со Божиќниот оркестар

20 декември 2026 | Македонска опера и балет – Скопје

Билетите се веќе во продажба преку E-ticket.mk.

About The Author