April 25, 2026

Нашиот избор за свадба на месецот се прекрасните Памела и Кристијан од Неготино. Прекрасните фотографии ја доловуваат оваа 16 год. љубовна врска која Памела и Кристијан ја крунисаа со брак. Еве што ни раскажа Памела за нивниот најубав ден…

Нашата приказна започнува со бројот 13, кој за нас не носи лоши предзнаци, туку е симбол на една чиста љубовна врска. Го запознав Кристијан кога имав 13 години, а нашата врска започна на 13-ти октомври 2008 година. На 13-ти октомври 2024 година, по точно 16 години исполнети со почит и разбрање, ја прославивме и ја крунисавме нашата љубов.


Свадбената прослава се одржа во стаклената сала на Ангропалас во Кавадарци, каде што декорацијата, која ја изработи a.m_decor, беше внимателно дизајнирана да долови важни моменти и спомени од нашата заедничка приказна. Прекрасната атмосфера беше дополнета со музика на Ориентал бенд, чија енергија и посветеност создадоа магичен амбиент за сите присутни.


Фото Бубо од Неготино ја оствари нашата визија за фотосесија во старомоден стил, која метафорично ја прикажува нашата љубов како вредна и вечна, сѐ посилна со времето. Венчаницата што ја изработи Зиане Бакиу од Скопје, како и изборот на Кристијан да се облече во модел од Moss Bros., додадоа елеганција и стил на целокупниот настан, создавајќи визија која ќе остане незаборавна.


Секој детал на овој ден беше внимателно осмислен, со цел да се прослави љубовта, посветеноста и моментите кои ќе останат во сеќавањата за цел живот.
A еве како братот на Крис, Никола им посака среќен брак

Честитки од нас ве сака вашата Во Бело