Благица и Борко Батевски-Фотографија Виктор Крстевски
Благица и Борчо Батевски-Фотографија Виктор Крстевски[/caption]Датумот 14 септември има посебно место во љубовната приказна на Благица и Борчо Батевски. На нејзиниот роденден ја официјализирале врската, истиот датум неколку години подоцна станал денот кога Борко ја побарал за жена, а овенчана кулминација стигна токму на 14 септември кога пред олтарот си ја дадоа судбинската заклетва. „За нас, 14 септември е доказ дека љубовта има свој таен јазик“ – споделуваат младенците.
Церемонијата се одржа во Соборниот храм „Св. Ѓорѓи“ во Кочани, во амбиент исполнет со љубов, искреност и благослови – токму како што отсекогаш го замислувале. Свечената прослава продолжи во Еурохотел Градче, каде професионалниот тим се погрижи секој детал да биде совршен. „Им благодариме од срце за нивната љубезност и посветеност – нашата свадба беше организирана беспрекорно и остана незаборавен доживотен спомен“ – велат Борко и Благица.
Салата беше трансформирана во вистинска бајка со декорација од цвеќара „Luxary“ од Кочани. Цветните аранжмани, светилките и деталите во нивните омилени бои создадоа елегантна и топла атмосфера. За музичката магија се погрижи Teatro Band од Кочани – со енергија која ја подигна целата сала на нозе, од првиот танц па до доцните часови.
Спомените од овој ден ги овековечи VKR Photography.


Техничарите со професионален пристап и креативност успеаја да доловат секоја емоција – од широките насмевки на гостите, до интимните погледи меѓу младенците. Дополнителен романтичен допир внесе нивниот учител по танц, Ангела Коцева, кој со трпение и посветеност ги научи на чекорите и им помогна првиот танц да остане незаборавен момент за сите.
Благица блескаше во совршен фустан изработен во Atelier by Sonja & Marija. Креаторките со внимание на секој детал успеаја да создадат венчаница која ја одразува нејзината личност и соништа. За Борко, елегантниот костум беше уште еден финиш на целосниот стил изработен специјално од професионалниот тим на Тивес.

„За нас, оваа свадба не беше само прослава – беше ново поглавје во нашиот заеднички живот. Ден на кој ветивме дека љубовта, довербата и заедништвото ќе ги негуваме секој ден. Нашите срца уште посилно се врзаа, а нашата приказна доби уште поголема длабочина“ – завршуваат со насмевка младенците.

Честитки од се срце на Борко и Благица, ве сака вашата Во Бело.

.





