1

Со задоволство ви претставуваме еден од новите и внимателно курирани бјути концепти што го привлекува вниманието на модерната, свесна публика. Бренд кој ја спојува природата, етиката и луксузот во едно искуство, а оваа година ќе имате можност да го запознаете и во живо на нашиот саем.
Nomi & You е нова онлајн бјути дестинација на македонскиот пазар, фокусирана на премиум, 100% органска и сертифицирана козметика, наменета за модерната и свесна потрошувачка.

Брендот нуди производи кои се вегански, cruelty-free и халал сертифицирани, со јасен акцент на квалитет, транспарентност и високи меѓународни стандарди. Во портфолиото на Nomi & You моментално се вклучени глобално признаени австралиски брендови како INIKA Organic и RAWW Cosmetics, со јасна визија за постепено проширување на понудата со други селектирани премиум бјути брендови.

Брендовите во понудата на Nomi & You се глобално познати и наградувани, присутни на настани од светски ранг како Australian Fashion Week, соработуваат со бројни престижни јавни личности и биле featured во светски реномирани медиуми како Vogue. Нивниот квалитет е потврден преку бројни меѓународни награди и долгогодишна доверба од професионалци во бјути индустријата.

Со внимателно курирана понуда и модерен онлајн пристап, Nomi & You има за цел да стане синоним за чиста, луксузна и етичка козметика во Македонија.

Nomi & You ќе биде дел од саемот, каде посетителите ќе можат директно да се запознаат со нивната премиум понуда и филозофијата зад брендот.

About The Author