April 25, 2026
20251231090121

Романтичните запросувања сè почесто прераснуваат во вистински спектакли, а едно такво, навистина незаборавно изненадување се случи кон крајот на годината во Скопје, кога Даниел реши на уникатен начин да ја запроси својата сакана Милена.

Како што откриваат Борис и Илчо од дуото Дупер, кои беа дел од овој емотивен момент, Даниел со денови внимателно ја планирал секоја ситница. Со врзани очи, Милена беше внесена во стан кој тој претходно го уредил со романтична сценографија, создавајќи интимна и топла атмосфера исполнета со љубов, тишина и исчекување.

Но, изненадувањата не завршија тука.

Во моментот кога Милена ги одврза очите, покрај свршувачкиот прстен, ја дочека уште едно големо изненадување – настап во живо на популарното дуо Дупер. Нивната музика ја исполни просторијата и дополнително ја засили емоцијата, правејќи го моментот уште помагичен и незаборавен.

Запросувањето заврши со искрено и емотивно „ДА“ од Милена, проследено со прегратки, солзи радосници и насмевки што зборуваа повеќе од илјада зборови – новогодишен почеток на едно заедничко „засекогаш“.
По ваквото емотивно „ДА“, започнува и следното поглавје – организацијата на свадбата. Токму затоа, за сите парови кои својата љубов ја крунисаа со запросување во новогодишните денови, патувањето кон свадбата логично започнува на Wedding Expo Skopje, каде на едно место можат да ги пронајдат сите инспирации, професионалци и идеи потребни за нивниот совршен ден. Картите за саемот се веќе достапни онлајн, што овозможува брз и едноставен пристап за сите идни младенци.