Тејлор Свифт и Тревис Келси повторно се најдоа во центарот на вниманието, овојпат не на стадион, не на концерт, туку на гламурозна свадба во Грција.
Двојката присуствувала на венчавката на НФЛ играчот Џорџ Карлафтис и неговата љубов од средно училиште, Каја Харис, која се одржала на 9 мај во Глифада, во луксузниот комплекс One&Only Aesthesis. Свадбата била во грчки православен стил, со околу 220 гости, традиционални обичаи и романтична атмосфера покрај море.
Според светските медиуми, Тејлор и Тревис биле меѓу најзабележаните гости, а дел од извештаите пишуваат дека двојката танцувала до доцна во ноќта. Тоа веднаш ги разгоре шпекулациите кај фановите: дали двајцата веќе собираат идеи за својата свадба?
Невестата носела венчаница од грчката дизајнерка Mary Barola, а свадбата имала сино-бела медитеранска естетика, со многу зеленило, грчки традиции и атмосфера каква што лесно може да стане инспирација за идните младенци.