June 19, 2026
чипка, лен, реси, плетени чанти

чипка, лен, реси, плетени чанти

После години минимализам, модата повторно сака романтика, лесни материјали, реси, везови и изглед што вели: „не се трудев многу, ама изгледам совршено“

Бохо стилот повторно е меѓу најголемите модни трендови за 2026 година. Но, ова не е истиот бохо од пред дваесетина години, со претерани слоеви и фестивалски хаос. Новиот бохо е посмирен, поженствен и многу попрефинет.

Во фокус се лесни фустани, блузи со чипка, широки ракави, ленени панталони, плетени чанти, реси, големи очила, привезоци, сандали од кожа или рафија и оној романтичен изглед што најдобро изгледа на сонце, на море, на летна прошетка или на кафе во град. Vogue UK пишува дека бохо топовите со чипка, карнери и лесни материјали се еден од силните трендови за пролет/лето 2026, а големо влијание има и модната куќа Chloé под креативната насока на Chemena Kamali.

чипка, лен, реси, плетени чанти
чипка, лен, реси, плетени чанти

Она што го прави овој стил толку привлечен е што не бара совршеност. Напротив, бохо изгледот сака природна коса, малку бронзер, дискретен сјај на кожа, накит што изгледа како да има приказна и облека што се движи со телото. Who What Wear ги издвојува чипканите фустани, paisley принтовите, ресите, привезоците и големите очила како клучни бохо елементи за 2026.

чипка, лен, реси, плетени чанти
чипка, лен, реси, плетени чанти

За лето, најлесна комбинација е бела или крем чипкана блуза, широки фармерки или ленени панталони, рамни сандали и плетена чанта. За вечерна варијанта, бохо фустан со тенки ремчиња, златен накит и меко пуштена коса изгледа доволно свечено, но не пренападно.

Интересно е што бохо трендот веќе го гледаме и кај познатите. Тејлор Свифт неодамна се појави во „witchy boho“ варијанта со темен кадифен фустан, повеќе синџирчиња, привезоци и Chloé чанта — изглед кој веднаш беше забележан како промена од нејзиниот понежен летен стил.

Како да го носите без да изгледа како маскенбал?
Клучот е во балансот. Не мора одеднаш чипка, реси, шешир, многу накит и принт. Доволно е еден бохо елемент: блуза со чипка, плетена чанта, фустан со лесен крој или сандали со украсни детали. Остатокот нека биде едноставен.

About The Author