July 24, 2026
Три ракометари, три прстени и три судбоносни „ДА“!

Три ракометари, три прстени и три судбоносни „ДА“!

Три прстени, три судбоносни „ДА“: Македонските ракометари постигнаа голови за цел живот

Изминатиов викенд љубовта беше најубавиот победник, а тројца македонски ракометари наместо на теренот – клекнаа на колено на плажа и ги побараа своите сакани за сопруги.

Мартин Серафимов, Иван Џонов и Дејан Кукуловски речиси истовремено отворија ново и можеби најважно поглавје во своите животи, а романтичните фотографии од запросувањата веднаш привлекоа големо внимание на социјалните мрежи.

Поранешниот македонски репрезентативец Мартин Серафимов ја запроси некогашната ракометарка Јана Калајџиевска на плажа во Грција. Романтичната атмосфера, морето и зајдисонцето биле совршена сцена за прашањето на кое Јана одговорила со судбоносното „ДА“.

Martin Serafimov/Jana Kalajdzievska
Martin Serafimov/Jana Kalajdzievska

На колено клекна и македонскиот репрезентативец и ракометар на Алкалоид, Иван Џонов. Тој ја побара за сопруга својата девојка Марија Димитровска, а среќниот пар сподели прекрасни фотографии од емотивниот момент покрај морето.

Ivan Dzonov/Marija Dimitrovska
Ivan Dzonov/Marija Dimitrovska

Третиот прстен викендов го подари младиот ракометар на Ресен, Дејан Кукуловски. Тој ја изненади својата сакана Анастасија Бошнакоска на плажа, каде што клекна на колено и го постави најважното прашање.

Dejan/Anastasija
Dejan/Anastasija
Три ракометари, три прстени и три судбоносни „ДА“!
Три ракометари, три прстени и три судбоносни „ДА“!

Очигледно, летото е сезона на љубовта, а македонските ракометари покажаа дека освен голови на теренот, знаат да постигнат и гол директно во срцето.

На трите идни брачни двојки им посакуваме многу љубов, среќа и незаборавни моменти на патот кон свадбениот ден.

About The Author

gamoshi.io, 267-b6491, DIRECT, 20e30b2ae1f670f2