Ким Кардашијан повторно го привлече вниманието на јавноста, овојпат со нови фотографии од тропски одмор на кој друштво ѝ правел и Луис Хамилтон. Меѓу објавените фотографии особено внимание привлече селфито на кое славниот Формула 1 возач ја држи Ким околу половината.
„Некаде над виножитото“, напишала Ким во описот на објавата, а фотографиите веднаш предизвикаа лавина реакции на социјалните мрежи.
На одморот со нив биле и членови од семејството. Присутна била и Клои Кардашијан со своите деца, додека Ким споделила фотографии и од своите деца Чикаго, Сент и Псалм. Во објавата имало и снимки од сурфање, зајдисонце и морски желки.
И Луис Хамилтон споделил фотографии од истото патување. На една од нив Ким седи на лулашка во жолт фустан со отворен грб, додека Хамилтон е во преден план. Во својата објава тој напишал дека уживал во слободните денови и дека се враќа на трките одморен и подготвен за нови предизвици.
За нивниот однос веќе подолго време се шпекулира, а во последните месеци сè почесто се гледаат заедно. Во јули, за време на Големата награда на Британија во Силверстоун, Хамилтон дури и реагирал на прашање од обожавател дали неговото добро расположение има врска со Ким.
Гласините за нивна романса почнале уште на почетокот на годината, откако биле поврзувани со заеднички патувања во Јапонија, Англија и Париз, а биле забележани и на Супербоул.
Иако ниту Ким ниту Луис официјално не ја дефинирале природата на нивниот однос, новите фотографии се доволни повторно да ги разгорат шпекулациите.
Дали ова е само блиско пријателство или Ким Кардашијан и Луис Хамилтон конечно престанаа да ја кријат романсата?