розев

Крајот на летото веќе ја најавува новата модна сезона, а pre-fall трендовите за 2026 се далеку од досадни. Наместо нагло преминување во темни бои и тешки материјали, модата оваа година оди кон романтични детали, нежни тонови и впечатливи аксесоари.

Еден од најзабележливите трендови е тантелата. Но не само на фустани – ја гледаме на топови, здолништа, рабови на блузи, па дури и како марама или детал околу вратот. Идејата е романтична, но многу помодерна и полесна за секојдневно носење.

Розевата останува присутна и по летото, особено во побледи, пудрести и dusty-pink нијанси. Не мора да биде целосен розев изглед – доволен е еден детал, чанта, очила или мек плетен топ за да се освежи комбинацијата.

Трет голем тренд се свилените марами. Vogue ги издвојува како еден од најпрактичните pre-fall аксесоари – можат да се носат околу врат, како ремен, на чанта или врз коса. Мал детаљ, а ефектот е веднаш поелегантен.

Во игра се враќа и романтичниот стил – сатен, набори, рифли и меки силуети, но комбинирани со поцврсти парчиња како сако, кожа или темен тексас. Така изгледот не станува премногу „слаткаст“, туку модерен и нослив.

Wedding Expo Skopje 2027 – јубилејно 15-то издание!

И конечно, аксесоарите стануваат сè поважни: впечатлив накит, клач чанти, големи обетки и декоративни потпетици се едноставен начин летната гардероба да добие есенски карактер без целосно обновување на плакарот.

Пораката за крајот на август е јасна: не ја тргајте летната гардероба – само додадете тантела, марама, малку розева и еден силен моден детаљ.

About The Author