Кајли Џенер го облече фустанот што Селин Дион го носеше пред 23 години – која изгледа подобро?
На свадбата на Џордин Вудс и Карл-Ентони Таунс во Малибу, Кајли Џенер се појави во впечатлива црна Roberto Cavalli креација со смели исечоци, длабок шлиц и два светкави ремени. Но модните фанови брзо забележаа дека овој изглед веќе има славна историја.
Истата силуета, во светла крем нијанса, Селин Дион ја носеше уште во 2003 година на Billboard Music Awards. Тогаш ја комбинираше со платинесто руса коса, дијамантски обетки и металик потпетици, создавајќи еден од нејзините највпечатливи red carpet моменти.

Кајли, пак, ја носеше модерната црна верзија во согласност со „all black“ dress code-от на свадбата, а изгледот го надополни со огромен дијамантски прстен и Christian Louboutin сандали.
На социјалните мрежи веднаш почна дебатата – која го носеше подобро? Дел од коментарите ја фаворизираа Селин поради нејзината класична гламурозна интерпретација, додека Кајли доби пофалби за посмелата и посовремена верзија.
Еден фустан, две децении разлика и две сосема различни енергии – доказ дека добриот дизајн навистина може да преживее повеќе модни ери.