амал

Заборавете ги glazed nails: Амал Клуни го носи најелегантниот маникир за есен 2026

Амал Клуни уште еднаш покажа дека понекогаш токму наједноставните beauty детали оставаат најсилен впечаток.

За појавувањето на Венецискиот филмски фестивал, таа избра кратки, квадратести нокти во нежна, млечно-розова нијанса, со висок сјај и речиси проѕирен финиш. InStyle го издвојува токму овој маникир како пример за ненаметлива, класична елеганција.

Маникир што изгледа „скапо“ без да биде нападен

Нема хром, нема glitter, нема 3D детали.

Само чиста форма, нежна розова база и сјај што прави ноктите да изгледаат негувано и луксузно.

Трендот се вклопува во пошироката beauty насока што оваа година се нарекува „naked luxury“ – проѕирни, сјајни, природни нијанси кои ја нагласуваат уредноста наместо дизајнот.

Совршен и за невести

И токму затоа овој маникир е одлична инспирација и за невестите.

Не се судира со накитот, не ја презема целата комбинација и одговара и со класична бела венчаница и со минималистички bridal look.

Плус, нема да изгледа „застарено“ кога по десет години ќе ги гледате свадбените фотографии.

Wedding Expo Skopje 2027 – јубилејно 15-то издание!

Амал го комбинираше со целосен black look

За отворањето на фестивалот, Амал носеше црн Tom Ford фустан од Haider Ackermann, Cartier накит и минималистички beauty изглед. Токму нежниот маникир беше контрапункт на драматичниот црн фустан.

И можеби токму тука е најдобрата beauty лекција од Венеција:

ако фустанот зборува гласно, ноктите не мора.

 

About The Author