Том Холанд и Зендаја меѓу само 56 гости: Ѕвездата од „Spider-Man“ направи бајковита свадба во Франција
Ѕвездата од „Spider-Man“, Џејкоб Баталон, и неговата сопруга Вероника Леахов направија романтична тридневна свадбена прослава во срцето на Прованса – а меѓу само 56 гости беа и неговите блиски колеги Том Холанд и Зендаја.
Иако двојката веќе претходно тајно се венчала во граѓанска церемонија, овојпат сакале вистинска свадба со најблиските – не само една вечер, туку цело свадбено искуство.
Прославата траела од 25 до 27 август, во прекрасниот Château de Tourreau во Sarrians, Франција, имот од 18 век кој двојката го избрала поради романтиката, архитектурата и летната светлина на Прованса. 
Само 56 гости – а меѓу нив Том и Зендаја
Џејкоб и Вероника сакале свадбата да остане интимна.
Меѓу гостите биле неколку членови од екипата на „Spider-Man“, а Том Холанд седел во вториот ред покрај својата сопруга Зендаја. Нивното милениче Vulpix исто така било дел од церемонијата.
Наместо огромна холивудска свадба, тие сакале да имаат доволно време да разговараат, танцуваат и навистина да бидат со луѓето што им значат.
Две Galia Lahav венчаници
Вероника за церемонијата избрала венчаница со корсет без прерамки од Galia Lahav, а подоцна се пресоблекла во уште една креација од истиот бренд – овојпат романтичен долг фустан од чипка.
Џејкоб бил во класичен црн смокинг за церемонијата, а за забавата го заменил со бело сако.
Двојката разменила рачно напишани завети, кои не си ги прочитале претходно, па токму тој момент го опишале како еден од најемотивните во целиот викенд.
Пица под светилки, магионичар и огномет
Свадбата започнала со лежерна welcome вечера на отворено, со пица и светилки над масите.
Главната церемонија била следниот ден, а прославата вклучувала музичари во живо, магичар, live painter и спектакуларен огномет. Првиот танц го имале на песната „All That Really Matters“ од Illenium и Teddy Swims.
Третиот ден бил резервиран за farewell brunch и опуштање покрај базенот.
Љубов која започнала во 2023
Џејкоб и Вероника се запознале преку заеднички пријатели во октомври 2023 година, а неколку недели подоцна излегле на првиот состанок.
Тој ја запросил во Њујорк на 1 март 2025, а година и пол подоцна ја направиле свадбата за која велат дека била „сон што станал реалност“.
Сега ги очекува меден месец на тајна тропска локација.