Jelena Karleusa dizajner Atelje Žana Bridal

Jelena Karleusa dizajner Atelje Žana Bridal

 

Карлеуша направи спектакл од 50.000 евра, но нам ни падна во очи едно – фустанот е македонски

Јелена Карлеуша повторно го привлече целото внимание, овојпат на големата прослава по повод родендените на нејзините ќерки Атина и Ника Тошиќ.

За вечерта во белградскиот „Хилтон“, Карлеуша избра впечатлива златна креација со нагласена силуета и длабоко деколте, зад која стои македонското Atelje Žana Bridal. Прославата, според регионалните медиуми, чинела околу 50.000 евра и собрала околу 200 гости.

Jelena Karleusa dizajner Atelje Žana Bridal
Jelena Karleusa dizajner Atelje Žana Bridal

Македонски потпис на една од најзборуваните жени во регионот

Карлеуша со години е позната по тоа што модата ја користи како дел од својот јавен имиџ – од светски дизајнерски парчиња до смели сценски комбинации. Токму затоа изборот на креација од Atelje Žana за ваков голем семеен настан е убав момент и за македонската мода.

Но „Жана“ одамна не е само име поврзано со една celebrity креација.

Светлана Црнокрак-Жана Атеље
Светлана Црнокрак-Жана Атеље

Ателјето има широко bridal и couture портфолио, од минималистички венчаници до класични couture модели, луксузни креации и изработка по нарачка. На нивната официјална страница колекциите се поделени во линии како Bridal Simplicity, Classic Couture, Luxe и Special Orders, што добро го покажува распонот на нивниот дизајнерски пристап.

Минатата година нивна венчаница стигна и до Париз, каде Моника Црнокрак го претстави Atelje Žana на bridal моден настан во креација со нагласена силуета и богати цветни детали.

Моника Црнокрак во креација на Атеље Жана
Моника Црнокрак во креација на Атеље Жана

Жана повторно на Wedding Expo Skopje ’27

За идните невести има уште една добра вест.

Atelje Žana се традиционални учесници на Wedding Expo Skopje, а ќе бидат дел и од претстојното јубилејно издание Wedding Expo Skopje ’27.

Тоа значи дека идните невести повторно ќе имаат можност во живо да ги видат нивните нови bridal модели, да се запознаат со стилот на ателјето и да добијат инспирација за венчаница создадена токму за нив.

Wedding Expo Skopje 2027 – јубилејно 15-то издание!

50.000 евра, 200 гости и две спектакуларни торти

На прославата Атина го одбележа својот 18-ти, а Ника 17-ти роденден. Сестрите се родени на истиот датум, со една година разлика.

Според објавените информации, забавата била организирана со раскошна декорација, свежо цвеќе и две огромни роденденски торти – шесткатна златна за Атина и петкатна за Ника.

На прославата бил и поранешниот сопруг на Карлеуша, Душко Тошиќ, со кого пејачката заеднички го организирала големиот ден за нивните ќерки.

Но од моден аспект, за нас најинтересниот детал останува еден:

во вечер исполнета со гламур, светкави детали и голем буџет – Карлеуша избра македонски дизајн.

Карлеуша направи спектакл од 50.000 евра, но нам ни падна во очи едно – фустанот е македонски
Карлеуша направи спектакл од 50.000 евра, но нам ни падна во очи едно – фустанот е македонски

 

About The Author