Еден од најпосакуваните холивудски ергени повеќе не е слободен – и вели дека овојпат е „многу сериозно“
Глен Пауел конечно проговори за врската со актерката Мишел Рандолф и со само неколку зборови стави крај на шпекулациите околу тоа колку е сериозна нивната романса.
На прашање дали му било непријатно што врската станала јавна, 37-годишниот актер одговорил дека „никогаш не е страшно ако веруваш во тоа“, а потоа додал:
„Би рекол дека е многу сериозно.“
Почнале тивко, далеку од камерите
Глен и Мишел првпат беа поврзани кон крајот на 2025 година, откако беа забележани заедно во Остин. Во следните месеци следуваа заеднички излегувања во Мајами, Париз и Њујорк, но двајцата долго избегнуваа јавно да зборуваат за врската.
Ситуацијата се смени во јули годинава, кога Пауел на Instagram објави фотографии од прославата за 4 јули, а меѓу нив имаше и кадар на кој се бакнува со Мишел.
Со тоа практично и официјално ја потврдија врската. 
Која е Мишел Рандолф?
Мишел има 28 години и е актерка позната по сериите „1923“ и „Landman“, како и по „Scream 7“.
Иако и самата е дел од Холивуд, важи за прилично приватна кога станува збор за личниот живот.
Тоа е интересно и поради фактот што Пауел претходно отворено зборувал дека славата и неговиот распоред му го отежнуваат пронаоѓањето партнерка која може да се носи со целиот притисок што го носи неговиот живот. 
А свршувачка?
Кога новинарите се обиделе да го прашаат дали „многу сериозно“ можеби значи и свршувачка во блиска иднина, Пауел не сакал да оди толку далеку.
Но едно е јасно – човекот кој во последниве години стана еден од најпопуларните нови leading men во Холивуд повеќе не се однесува како ерген.