lady-gaga-michael-polansky-attend

ЛЕЈДИ ГАГА СЕ ОМАЖИЛА ВО ТАЈНОСТ. Пријателите веруваат дека веќе е на меден месец и планира бебе

Лејди Гага повторно е во центарот на вниманието, но овојпат не поради музика или мода.

Во кругот на нејзините блиски сè погласно се зборува дека пејачката и нејзиниот долгогодишен партнер Мајкл Полански можеби тајно се венчале и моментално уживаат на меден месец далеку од јавноста.

Шпекулациите дополнително ги подгреа фактот што Гага во последниот период ретко се појавува во јавноста, а извори блиски до парот тврдат дека тие веќе размислуваат и за проширување на семејството.

Гага никогаш не криела дека сака деца, а и претходно зборувала дека би сакала помала и поинтимна свадба. Во март годинава самата кажа дека со Полански планираат наскоро да се венчаат.

Сепак, засега нема официјална потврда дека свадбата навистина се случила.

Но ако гласините се точни, изгледа дека Лејди Гага успеала токму во она што најмалку ѝ оди со славата. Еден од најважните моменти во животот да го задржи само за себе.

 

About The Author