Dazl_016

Постојат фустани што привлекуваат погледи, а постојат и такви што заслужуваат место во уметничка галерија. Креацијата што ја носеше туниската манекенка и актерка Аза Слимен дефинитивно припаѓа на втората категорија.

На гламурозниот Vogue Arabia Ball 2026, одржан на 13 ноември во Дубаи, Слимен се појави во неверојатна креација на либанскиот дизајнер Рами Кади, инспирирана од едно од најпознатите дела во историјата на сликарството – „Ѕвездена ноќ“ на Винсент ван Гог.

И резултатот? Вистинско уметничко дело што се движи!

Ѕвездена ноќ претворена во висока мода

Кобалтно сината, тиркизната и жолтата боја се испреплетуваат низ фустанот, создавајќи ги препознатливите вртлози од ремек-делото на Ван Гог.

Креацијата е без прерамки, со скулптурална силуета што ја следи линијата на телото, додека раскошниот тридимензионален вез создава впечаток дека боите и движењата од сликата оживуваат.

Секој декоративен елемент е рачно поставен, со цел да се долови динамиката на прочуените потези со четката на холандскиот сликар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicolas Rahhal (@hautecoutureglobal)

Дизајнерот Рами Кади за Vogue Arabia објаснил дека неговата намера не била едноставно да ја преслика сликата на материјал, туку да ја претвори нејзината енергија во модна форма.

WEDDING EXPO SKOPJE 2027 – ТРИ ДЕНА МОДА, ГЛАМУР И ГОЛЕМ СВАДБЕН СПЕКТАКЛ!

Кога модата станува уметност

Аза Слимен, која беше и водителка на вечерта, го избра совршениот изглед за настан посветен на поврзувањето на модата и уметноста.

Со дискретна шминка и прибрана коса, таа ѝ дозволи на спектакуларната креација да го има главниот збор.

Во време кога на црвените теписи често доминираат провокативни изданија и натпревар во екстраваганција, ова појавување потсети на нешто многу поважно: високата мода може да раскаже приказна, да разбуди емоција и да го оживее уметничкото наследство.

Ако Ван Гог денес дизајнираше фустани, можеби токму вака ќе изгледаше неговата „Ѕвездена ноќ“.

About The Author