Sydney-Sweeney-Scooter-Braun
Сидни Свини и Скутер Браун повеќе ништо не кријат: Бакнеж на гондола во Венеција
Сидни Свини повторно е во центарот на вниманието во Венеција, но овојпат не поради фустан.
28-годишната актерка и 45-годишниот музички могул Скутер Браун беа фотографирани како се бакнуваат за време на романтично возење со гондола низ каналите на Венеција. На фотографиите Сидни го држи Браун за лицето додека го бакнува, а на други кадри двајцата седат прегрнати и насмеани.

Подоцна биле видени и како шетаат низ Венеција држејќи се за рака, со што практично ставија крај на секоја дилема околу нивната врска.
Венеција има посебно значење за нив
Интересно е што токму Венеција е градот каде започна нивната приказна.
Сидни и Скутер првпат беа поврзани во 2025 година, откако се сретнале на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез. Романтичните гласини почнаа неколку месеци подоцна, а до пролетта 2026 веќе се појавуваа јавно заедно.
Затоа нивното враќање во Венеција една година подоцна делува речиси како затворање на кругот.

Врската очигледно станува посериозна
Само неколку дена пред патувањето во Италија, Сидни била фотографирана во Лос Анџелес со две од трите деца на Браун од неговиот претходен брак.
Тоа веднаш предизвика шпекулации дека нивната врска влегува во посериозна фаза.
Сидни претходно беше свршена со продуцентот Џонатан Давино, но нивната врска заврши во 2025 година. Браун, пак, беше во брак со Јаел Коен, со која има три деца.
И модата не остана во втор план
Сидни е во Венеција како амбасадорка на Armani Beauty, официјалниот beauty партнер на фестивалот.
Истата вечер по романтичната гондола таа се појави и на Armani Beauty Dinner во vintage Giorgio Armani фустан од колекцијата есен 2000 – проѕирен, покриен со светки и доволно ефектен за повторно да ги преземе модните наслови.
Но овојпат, барем на кратко, бакнежот на гондола го засени и фустанот.