Claudia-Sulewski-Finneas-OConnell-123025-920647d11b90436fa5c4127f14d83ece

Били Ајлиш во улога каква што не сме ја виделе: Го венчаше својот брат на романтична свадба во Калифорнија

Били Ајлиш овојпат не застана пред микрофонот за концерт, туку пред олтарот – и тоа со една од најважните задачи на свадбата на нејзиниот брат.

Музичарот и продуцент FINNEAS (Финеас О’Конел) и неговата долгогодишна партнерка Клаудија Сулевски се венчаа на 29 август во Монтеcito, Калифорнија, а токму Били Ајлиш ја водеше церемонијата и ги прогласи за сопружници. Двојката е заедно од 2018 година, кога се запознала преку апликација за состаноци.

Billie Eilish; Finneas O’Connell and Claudia Sulewski.
Billie Eilish; Finneas O’Connell and Claudia Sulewski.

Били во темнозелен корсет-фустан

Иако невестата очекувано беше во центарот на вниманието, модните погледи брзо се свртеа и кон Били.

Пејачката се појави во темнозелен долг фустан со корсет и откриени раменици, надополнет со темен кармин, дискретни обетки и нејзиниот нов auburn bob. Изгледот беше драматичен, романтичен и сосема во нејзин стил – доволно впечатлив за специјалната улога, без да ја засени невестата.

А невестата? Четири фустани од Oscar de la Renta

Клаудија, пак, не избра една, туку четири специјално изработени креации од Oscar de la Renta за свадбениот викенд.

Главната венчаница беше раскошна ivory ball gown од свилен faille, со спуштена половина, волуменозно здолниште и асиметричен шал околу вратот кој продолжуваше кон шлепот. Vogue го следеше и нејзиното последно пробување пред свадбата.

Следуваа различни комбинации за вечерата пред свадбата, првиот танц и приемот, како и разигран розов изглед инспириран од модата од крајот на 1990-тите и почетокот на 2000-тите.

Billie Eilish; Finneas O’Connell and Claudia Sulewski.
Billie Eilish; Finneas O’Connell and Claudia Sulewski.

И кучињата имаа своја свадбена улога

Еден од најслатките детали биле нивните кучиња Peaches и Moose, кои биле вклучени во церемонијата како „flower dogs“. За нив биле направени и посебни машни од истиот материјал од кој била изработена венчаницата на Клаудија.

На свадбата присуствувале и голем број познати гости, меѓу кои Џастин и Хејли Бибер, Нина Добрев, Кристен Бел, Дакс Шепард, Ема Чемберлен и Џејсон Судејкис, додека со Били бил и нејзиниот партнер Нат Волф.

А приказната на Финеас и Клаудија има уште еден филмски детал: тие се запознале во 2018 година, а музичарот бил толку инспириран од нивната средба што уште истиот ден започнал да ја пишува песната „Claudia“. Осум години подоцна – токму неговата сестра Били Ајлиш стоеше пред нив додека си го кажуваа судбоносното „да“.

 

About The Author