Блејк Лајвли
Блејк Лајвли повторно блесна во јавноста
По бурниот период исполнет со судски спорови и медиумски наслови, Блејк Лајвли повторно го привлече вниманието со она по што публиката со години ја препознава – впечатлив моден стил.
Актерката (39) се појави на 3 ноември во Њујорк, на свеченоста организирана по повод претставувањето на празничната колекција накит на дизајнерката Брент Нил. Настанот се одржа во ресторанот „Мажорел“, на Менхетен, а Лајвли пристигна насмеана и расположена, во друштво на пријатели.

Фустан од 1994 година што повторно го освои вниманието
За оваа пригода Блејк избра краток фустан во темносина боја, целосно прекриен со светкави детали, од колекцијата есен/зима 1994 на модната куќа „Шанел“.
Креацијата, дизајнирана во времето кога Карл Лагерфелд беше на чело на куќата, има откриени рамена, впечатливо деколте и големи црни сатенски машни на предниот дел.
Интересно е што истиот модел во 1994 година го носела супермоделката Кристи Тарлингтон. А истиот модел во 2023 година и Лили-Роуз Деп на Канскиот филмски фестивал.
Блејк го надополни изгледот со црна чанта од „Шанел“, високи потпетици од Кристијан Лубутен со проѕирни детали и впечатливи обетки и прстени од колекцијата на Брент Нил.
Долгата руса коса беше обликувана во раскошни холивудски бранови, а шминката во топли тонови дополнително го истакна нејзиниот препознатлив изглед.
По спорот со Џастин Балдони
Нејзиното враќање на јавните настани доаѓа по долгиот и медиумски експониран судски спор со актерот и режисер Џастин Балдони, со кого соработуваше на филмот „It Ends with Us“.
Лајвли изнесе обвинувања за сексуално вознемирување и одмазднички постапки, кои Балдони ги негираше. Главниот спор заврши со спогодба во мај 2026 година. Непосредно пред планираното судење, додека прашањата околу адвокатските трошоци продолжија да се разгледуваат и подоцна.
Иако Блејк веќе се појавуваше во јавноста, меѓу другото и на Мет галата во мај. Во изминатите месеци беше значително помалку присутна на големите холивудски и модни собири.
А каде е Рајан Рејнолдс?
На последниот настан актерката се појави без сопругот Рајан Рејнолдс, со кого има четири деца. Неговото отсуство предизвика љубопитност кај дел од медиумите, но само по себе не е причина за заклучоци за нивниот брак.
Двајцата и понатаму разменуваат јавни пораки на социјалните мрежи, а Рејнолдс во август ѝ упати особено емотивна честитка за роденденот.
Во меѓувреме, Блејк очигледно повторно ужива во модата и јавните појавувања.
Дали ова е почеток на нејзиното големо враќање во Холивуд, останува да видиме. Но ако се суди според последното појавување, едно е сигурн, Блејк Лајвли сè уште знае како да го сврти вниманието кон себе.