Бохо стилот се враќа: лето 2026 ќе мириса на чипка, лен и слобода
чипка, лен, реси, плетени чанти
После години минимализам, модата повторно сака романтика, лесни материјали, реси, везови и изглед што вели: „не се трудев многу, ама изгледам совршено“
Бохо стилот повторно е меѓу најголемите модни трендови за 2026 година. Но, ова не е истиот бохо од пред дваесетина години, со претерани слоеви и фестивалски хаос. Новиот бохо е посмирен, поженствен и многу попрефинет.
Во фокус се лесни фустани, блузи со чипка, широки ракави, ленени панталони, плетени чанти, реси, големи очила, привезоци, сандали од кожа или рафија и оној романтичен изглед што најдобро изгледа на сонце, на море, на летна прошетка или на кафе во град. Vogue UK пишува дека бохо топовите со чипка, карнери и лесни материјали се еден од силните трендови за пролет/лето 2026, а големо влијание има и модната куќа Chloé под креативната насока на Chemena Kamali.
чипка, лен, реси, плетени чанти
Она што го прави овој стил толку привлечен е што не бара совршеност. Напротив, бохо изгледот сака природна коса, малку бронзер, дискретен сјај на кожа, накит што изгледа како да има приказна и облека што се движи со телото. Who What Wear ги издвојува чипканите фустани, paisley принтовите, ресите, привезоците и големите очила како клучни бохо елементи за 2026.
чипка, лен, реси, плетени чанти
За лето, најлесна комбинација е бела или крем чипкана блуза, широки фармерки или ленени панталони, рамни сандали и плетена чанта. За вечерна варијанта, бохо фустан со тенки ремчиња, златен накит и меко пуштена коса изгледа доволно свечено, но не пренападно.
Интересно е што бохо трендот веќе го гледаме и кај познатите. Тејлор Свифт неодамна се појави во „witchy boho“ варијанта со темен кадифен фустан, повеќе синџирчиња, привезоци и Chloé чанта — изглед кој веднаш беше забележан како промена од нејзиниот понежен летен стил.
Како да го носите без да изгледа како маскенбал? Клучот е во балансот. Не мора одеднаш чипка, реси, шешир, многу накит и принт. Доволно е еден бохо елемент: блуза со чипка, плетена чанта, фустан со лесен крој или сандали со украсни детали. Остатокот нека биде едноставен.
Јубилејното 15. издание на WEDDING EXPO SKOPJE најавува три незаборавни дена со модни ревии, музички настапи, познати личности, изненадувања и повеќе од 50 изложбени штандови!