image-154

„Камуфлажа против романтика: Бред Пит и Инес де Рамон со најнеочекуваниот моден спој на премиерата“

Бред Пит и Инес де Рамон повторно го претворија црвениот тепих во свое мало модно шоу.

Парот се појави рака под рака на светската премиера на „Heart of the Beast“, одржана на 16 септември во Franklin, Tennessee, а нивните комбинации тешко дека можеа да бидат поразлични.

Бред ја донесе самата приказна од филмот на црвениот тепих

Пит избра целосен камуфлажен костум – широка јакна и панталони во воен принт, комбинирани со маслинесто зелена маичка, aviator очила и златен синџир.

Изборот не бил случаен. Во филмот тој игра поранешен припадник на специјалните сили кој по авионска несреќа останува заглавен во дивината на Алјаска со своето воено куче.

Така неговиот outfit е одличен пример за method dressing – кога актерот преку облеката на премиерата ја продолжува естетиката на ликот или филмот.

И наместо класичен црн tuxedo, Бред избра нешто многу поризично – и многу повеќе во неговиот сегашен стил.

Инес – целосна спротивност

До него, Инес де Рамон изгледаше како да доаѓа од сосема друга модна приказна.

Таа носеше романтичен фустан во нежна праскаста нијанса од Chloé, со полупроѕирни слоеви, чипкасти детали, длабоко деколте и лесно, волуменозно здолниште. Косата ја остави природно пуштена, со што целиот изглед остана ненаметлив и боемски.

И токму контрастот функционираше.

Тој – воено, грубо, урбано.
Таа – романтично, меко и женствено.

Нема модно усогласување во класична смисла, но заедно изгледаат визуелно многу поинтересно отколку ако двајцата се појавеа во стандардна black-tie комбинација.

А можеби токму тоа е и нивната формула на црвениот тепих: да не изгледаат како да се договориле што ќе облечат, а сепак фотографијата да функционира.

 

About The Author