June 3, 2026
Anne Hathaway

Anne Hathaway

Ен Хатавеј проговори за тешките битки: „Бев речиси слепа 10 години“

Холивудската актерка Ен Хатавеј ретко зборува за приватните битки, но овојпат откри детали кои ја изненадија јавноста. Во гостување во подкаст на „Њујорк тајмс“, таа зборуваше за сериозните проблеми со видот, одлуката да се откаже од алкохолот и болната борба со неплодноста.

Актерката откри дека меѓу 30-тата и 40-тата година од животот се соочувала со тешко оштетување на видот. Причината била катаракта, односно „перде на окото“, кое се појавило многу рано и сериозно влијаело врз нејзиниот секојдневен живот.

Во еден момент, Хатавеј признала дека цели десет години била речиси слепа, а состојбата најмногу го погодила левото око. На крајот морала да оди на операција, по која сфатила колку долго телото ѝ било под притисок.

Anne Hathaway
Anne Hathaway

По зафатот, како што раскажала, конечно можела појасно да ги гледа боите и светлината. Но, најголемото изненадување за неа било тоа што не се подобрил само видот, туку и расположението. Таа објаснила дека дури потоа сфатила колку проблемот со видот го оптоварувал нејзиниот нервен систем.

Одлуката што ѝ го сменила животот

Ен зборуваше и за својата одлука целосно да го исфрли алкохолот од животот. Таа е трезна веќе пет години и тоа го смета за една од најважните лични пресвртници.

Одлуката ја донела во 2018 година, со желба да биде поприсутна мајка за својот син. Како што признала, мамурлаците почнале да ѝ го нарушуваат секојдневието, а особено еден мамурлак што траел дури пет дена ѝ бил сигнал дека нешто мора да се промени.

Иако нагласила дека не смета оти имала класичен проблем со алкохолизам, сфатила дека начинот на кој пие повеќе не се вклопува во животот што сака да го живее.

Искрено и за неплодноста

Хатавеј отворено зборуваше и за борбата да стане мајка. Кога во 2019 година ја објави својата втора бременост, таа призна дека патот до мајчинството не бил лесен.

Нејзината искреност тогаш допре до многу жени кои се соочуваат со слична болка — тивка, интимна и често проследена со чувство на осаменост, вина и сомнеж во себе. Со тоа, Ен помогна да се намали стигмата околу неплодноста и третманите поврзани со неа.

Anne Hathaway
Anne Hathaway

„Однадвор сè изгледа совршено, но никој не знае што носи човекот“

Приказната на Ен Хатавеј уште еднаш потсетува дека славата, убавината и успехот не значат дека човекот е поштеден од болка, страв и лични битки.

Зад насмевката на црвениот тепих често стојат години борба, тишина и сила што јавноста никогаш не ја гледа. Токму затоа нејзината искреност звучи толку моќно — затоа што покажува дека понекогаш најголемата храброст не е да изгледаш совршено, туку да признаеш низ што си поминал.

About The Author