Со повеќе од 2000 посетители и над 1000 среќни и инспирирани невести, 14-тиот Саем за венчавки уште еднаш покажа зошто претставува најзначајниот свадбен настан во земјата. Три дена исполнети со љубов, гламур, емоции и врвна организација – вистински спектакл кој долго ќе се памети.
Свеченото отворање започна со страст и елеганција – впечатлив настап на аргентинско танго од Центар 213, кој ја разгоре сцената и ја подигна атмосферата на највисоко ниво. Публиката уживаше и во моќниот музички момент со легендарната група Нокаут и нивната безвременска „Лебедот бел“ – симболично, емоционално и совршено за почеток на една свадбена приказна.

Посебен белег остави ревијата „Познатите во венчаници“, со романтична музичка подлога на саксофон од Стефан Неделковски – момент што создаде вистинска модна бајка на сцената.




















Публиката беше воодушевена и од енергичниот настап на Антониа Гиговска, која со својот глас и харизма внесе дополнителна магија во вечерта.

Низ сите три дена, програмата беше динамична и богата – индивидуални ревии, презентации, професионална шминка за невести изработена од врвни шминкери, како и директни консултации со над 50 изложувачи од сите сегменти на свадбената индустрија – од венчаници и костуми, бурми, декорации и фотографија, до кетеринг, козметика и многу повеќе.

Сето тоа беше маестрално водено од шармантната и харизматична Ангела Апостоловска Петрески – водителка со фантастичен позитивен дух, енергија и хумор што ја освои публиката и внесе топлина во секој сегмент од програмата.
Ова не беше само саем.
Ова беше сцена на љубовта.

А веќе сега погледите се насочени кон следната година – кога нè очекува јубилејното, кристално издание. Петнаесет години традиција, доверба и блесок – подготвени за уште поголем гламур.
До следната свадбена магија…
