Доналд Трамп ја запросил Меланија во нејзината родна Словенија, на живописното Бледско Езеро, каде што престојувале во поранешниот претседателски апартман што некогаш го користеле Јосип Броз Тито и неговата сопруга Јованка.
Во јули 2004 година, Доналд Трамп – тогаш познат бизнисмен, а подоцна и претседател на Соединетите Американски Држави – пристигнал во Словенија со приватен авион, слетувајќи на поранешниот југословенски воен аеродром „Брник“. Тоа било негово прво патување во земјата заедно со својата избраничка Меланија Кнаус, со цел да ги запознае нејзините родители, Виктор и Амалија.
Посетата била организирана во луксузниот „Гранд хотел Топлице“, сместен на самиот брег на Бледското Езеро. За Меланија, ова патување имало особено значење – сакала нејзиниот партнер да ја запознае земјата во која пораснала. Хотелот бил внимателно избран поради уникатната убавина на Блед, а средбата со нејзините родители се одржала во претседателскиот апартман, познат по тоа што за време на својот мандат таму престојувал и маршалот Јосип Броз Тито со сопругата Јованка.
Токму во тој апартман, Доналд Трамп формално ја побарал раката на Меланија од нејзиниот татко, почитувајќи ги традициите. Парот поминал само еден ден во апартманот, по што истата вечер се вратиле во Соединетите Американски Држави. Вработените во хотелот и денес се сеќаваат на тој настан, истакнувајќи дека Трамп бил исклучително скромен, додека Меланија зрачела со среќа и не го тргнувала насмевката од лицето, горда што запросувањето се случило токму во нејзината татковина.
Следната година, на 22 јануари 2005, Доналд и Меланија Трамп стапиле во брак во црква во Палм Бич, Флорида. Една година подоцна го добиле и својот син Барон. Од тогаш па до денес, парот не се вратил во Словенија. Нивната свадба остана запаметена и по присуството на бројни познати личности, меѓу кои и Хилари Клинтон, која подоцна ќе му биде противкандидат на Трамп на претседателските избори.
Доколку и вас ве запросиле и започнувате со подготовките за вашиот голем ден – следната станица е Саемот за венчавки. Инспирирајте се, запознајте ги најдобрите свадбени брендови, венчаници, дизајнери и услуги на едно место.
Картите се веќе пуштени во продажба и можат да се купат преку Tickets, затоа обезбедете си влез навреме и започнете ја вашата свадбена приказна со сигурен чекор.