June 3, 2026
penelope1

Финишот на Канскиот филмски фестивал повторно донесе вистинска модна парада. На црвениот тепих најмногу внимание привлекоа Ева Лонгорија, Зои Салдана, Деми Мур, Пенелопе Круз и Софија Карсон, кои се појавија во впечатливи тоалети на завршната церемонија.

Ева Лонгорија се појави во блескав златен фустан без прерамки, со висок шлиц и драматичен шлеп — комбинација што веднаш стана една од најзабележаните настани од Кан оваа година. Зои Салдана, пак, избра црн -фустан од Chanel со длабоко деколте, голем портокалов цветен принт и драматични машни, а на црвениот тепих се појави со сопругот Марко Перего-Салдана.

Деми Мур продолжи со силните модни изданија, овојпат во волуменозна креација на Balenciaga, откако годинава беше дел од жирито на фестивалот. Иако Кан е филмски фестивал, последните денови уште еднаш покажаа дека црвениот тепих таму често станува поголема вест од самите премиери.

About The Author