Очигледно, Кетрин Зита-Џонс има плакар што секоја љубителка на модата би сакала да го наследи.
Кога мајка ти е една од најубавите и најстилски холивудски актерки, очигледно нема потреба постојано да купуваш нова облека. Доволно е да ѕирнеш во нејзиниот плакар!
Токму тоа го направи 23-годишната Керис Даглас, ќерката на славните Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас, која на моден настан во Њујорк се појави во парче облека што нејзината мајка го носела пред точно три децении.
Станува збор за црна, полупроѕирна кошула од тантела на модната куќа „Гучи“, од времето кога креативен директор на брендот беше легендарниот Том Форд.

Кетрин ја носела во 1996 година, на премиерата на филмот „The Long Kiss Goodnight“ во Лос Анџелес. Тогаш ја комбинирала со соодветни панталони од тантела, црни потпетици и впечатлив накит.
Триесет години подоцна, нејзината ќерка реши да ѝ даде нов живот на истата креација.
На настанот „Gucci x Moda Operandi“, одржан на 11 ноември во Њујорк, Керис ја искомбинира кошулата со кратко црно здолниште, проѕирни хулахопки и чанта од „Гучи“, создавајќи младешки и модерен изглед.

Кога ќерката го обожава плакарот на мајка си
Интересно е што ова не е првпат Керис да позајми облека од својата славна мајка.
За својот 21. роденден во 2024 година таа носеше розов фустан од „Емануел Унгаро“, кој Кетрин го имала облечено на доделувањето на MTV Movie Awards во 1999 година.
Минатата година повторно посегна по семејната модна архива, избирајќи црн фустан што нејзината мајка го носела во 2005 година.
Керис во едно интервју признала дека обожава винтиџ облека и дека се труди да ја избегнува таканаречената брза мода, пред сè поради одржливоста.
А признала и нешто што многу ќерки добро го разбираат – понекогаш позајмува парчиња од мајка си без воопшто да ја праша!
Очигледно, Кетрин Зита-Џонс има плакар што секоја љубителка на модата би сакала да го наследи.
И по 30 години, едно добро модно парче може да изгледа подеднакво привлечно. Особено кога мајката и ќерката имаат истенчен вкус за мода.
