Ким Кардашијан очигледно реши дека едно спектакуларно појавување во Рим не е доволно. По леопард-фустанот од архивата на Yves Saint Laurent, со кој привлече внимание на Римскиот филмски фестивал, таа приреди уште едно модно изненадување. Овој пат во венчаница!
За промотивното фотографирање на втората сезона од серијата „All’s Fair“, Ким се појави во необична креација со црни точки на бела основа, од колекцијата есен 2027 на славната дизајнерка Galia Lahav.

А токму оваа венчаница пред помалку од две недели беше претставена како завршен модел на Невестинската модна недела во Њујорк.
Креацијата има длабоко деколте, впечатлив корсет и смели отвори кај колковите, обрабени со деликатна тантела. Долниот дел е драпирано здолниште со долг шлеп, а црно-белите точки му даваат ретро карактер на целиот изглед.

За стајлингот се погрижил Ло Роуч, додека високата опашка и дискретната шминка дозволиле целото внимание да остане на фустанот.
Но Ким имала уште еден адут. За дел од фотографиите позирала со два далматинци, чии црни точки совршено се вклопиле во модната приказна.
Интересно е што креацијата доаѓа од невестинска колекција, а Кардашијан ја претвори во провокативен изглед за црвениот тепих.
Токму ваквите појавувања покажуваат колку границата меѓу свадбената и високата мода станува сè поневидлива.
А ако некоја идна невеста посака точки наместо класична бела венчаница, веќе има модна инспирација од светски размери.
Wedding Expo Skopje 2027 – 15 години љубов, стил и инспирација.