kim-kardashian-attends-

Ким Кардашијан повторно успеа да го сврти вниманието на светската модна јавност. На Филмскиот фестивал во Рим се појави во спектакуларна винтиџ креација на Ив Сен Лоран од 1986 година, со изглед кој веднаш потсети на легендарната Софија Лорен.

Рим синоќа доби вистинска холивудска доза гламур. На црвениот тепих на 21. Филмски фестивал, Ким Кардашијан се појави во провокативен фустан со леопардски принт, кој совршено ја следеше линијата на нејзиното тело.

И додека поголемиот дел од познатите дами избраа класична елеганција, Ким се одлучи за модна архива стара четири децении.

Станува збор за креацијата „Golden Tigress“ од колекцијата висока мода есен-зима 1986/87 на легендарниот Ив Сен Лоран.

Фустанот има изразен корсет, длабоко деколте во форма на срце, врвки и тесна силуета која се проширува кон долниот дел. Леопардскиот дезен дополнително ја нагласува драматичноста, а деталите на ткаенината создаваат впечаток на вистинска модна уметност.

Деталот што го направи изгледот незаборавен

Посебно внимание привлече марама во истиот леопардски дезен, која Ким во еден момент ја носеше преку главата, а потоа ја префрли преку рамениците.

Токму овој детаљ внесе атмосфера на италијанската кинематографија од минатиот век. Изгледот потсетуваше на времето кога Софија Лорен со својата сензуалност, став и драматична елеганција ги освојуваше филмските фестивали.

За стајлингот беше задолжен познатиот Ло Роуч, стилистот кој стои зад некои од највпечатливите модни појавувања на Зендаја.

Ким овојпат се откажа од впечатлив накит. Фустанот и марама беа доволни да го привлечат вниманието.

И мама Крис имаше свој моден момент

На премиерата на втората сезона на серијата All’s Fair, Ким беше придружувана од мајка ѝ Крис Џенер, која исто така се појави во необична винтиџ комбинација.

Крис носеше драматична црна наметка инспирирана од легендарна креација на Елизабет Тејлор, со декоративни скорпии.

На црвениот тепих беа и Наоми Вотс, Сара Полсон и Ниси Неш-Бетс, актерките со кои Кардашијан ја дели главната актерска екипа во серијата.

Интересно, италијанските медиуми забележаа уште еден необичен детаљ: асистент ја следел Ким со дополнително светло за да добие совршено осветлување пред фотографите.

Модата од минатото повторно го освојува Холивуд

Со ова појавување Ким уште еднаш ја потврди својата наклонетост кон архивските модни парчиња.

Фустанот создаден пред 40 години денес изгледа подеднакво смело како и во времето кога првпат бил претставен.

Ако судиме според реакциите на црвениот тепих во Рим, леопардскиот принт и холивудската сензуалност повторно имаат силен момент во модата.

About The Author