Внуката на Грејс Кели се сврши по 10 години љубов: Погледнете го жолтиот дијамант вреден околу 200.000 долари
Уште една кралска свадба е на повидок во Монако.
Принцезата Александра од Хановер, 27-годишната внука на легендарната Грејс Кели и ќерка на принцезата Каролина од Монако, објави дека се свршила со долгогодишниот партнер Бен-Силвестер Штраутман.
Двојката е заедно околу 10 години, а Александра веста ја сподели на Instagram со фотографии на кои во центарот на вниманието веднаш се најде нејзиниот впечатлив свршенички прстен. 
И со причина.
Прстенот е изработен со 4,8-каратен Fancy Yellow дијамант, поставен меѓу два трилион-сечени бели дијаманти. Дизајнот е дело на Antinori di Sanpietro, а според проценките неговата вредност е околу 203.000 долари.
Но најубавиот детаљ е скриен под самиот камен.
Дизајнот содржи мотив инспириран од Piazza del Campidoglio во Рим, град кој има посебно значење за двојката.
Александра и Бен се познаваат уште од младоста во Монако, а во јавноста како пар почнаа почесто да се појавуваат околу 2016–2017 година. Тој е со германско потекло, поранешен кошаркар и денес се занимава со бизнис. 
За датумот и местото на свадбата засега нема детали.
Но едно е сигурно: кога внуката на една од најголемите модни икони во историјата ќе стане невеста, светот ќе гледа и во фустанот.